Кризата во Германија која се продлабочува и сериозно влијае врз македонската економија, може да удри врз фирмите кои се дел од автомобилската индустрија, а се стационирани во слободните зони во Македонија. Голема опасност е што ова ќе погоди околу 20.000 вработени, пред се млади, за кои ако државата не преземе на време мерки за да ги задржи во стопанството, ќе предизвика сериозни пчоследици во општеството, вели Антоније Мариноски од Стопанската комора, кој гостуваше во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Според него, Македонија мора да ја искористи оваа криза за да го дезинфицира извозот, но и да развие нови доходовни сектори, пред се туризмот.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.