„Чезакомерц“ се зацврстува во акционерската структура на „Македонијатурист“. Со стекнатите нови 517 акции, во сопственост има 6,34 проценти.
„Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје купи дополнителни 517 акции и сега поседува 28.675 акции односно 6,34% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, информираат од компанијатта преку Македонска берза.
Пред купувањето на овие акции, „Чезакомерц“ имаше 6,23 отсто од основниот капитал на хотелско-угостителската компанија. Засега, состојбата кај акционерите на „Македонијатурист“ е: „Скопски пазар“ предводи со 19,76 проценти, а следуваат „Промедика“ со 11,9 и „М.Г. Фешн“ со 11,26 отсто.