ПОВЕЌЕ

    ГОЛЕМИТЕ ДАТА ЦЕНТРИ СЕ ДАЛЕКУ ОД РЕАЛЗИАЦИЈА

    Време зa читање: 2 минути

    До каде се разговорите за изградба на податочни (дата) центри во Македонија и што навистина до сега е договорено? Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека повеќе од десет меѓународни компании покажале интерес, но ниту една не стигнала до конкретен проект по кој институциите треба да се произнесат. Се најавува и капацитет со моќност од околу 120 мегавати, но тоа засега не е потврдена инвестиција и е далеку од реализација. Но, во целиот процес најдалеку се отидени две познати домашни компании кои според министерот, се во напредна фаза на подготовка на проекти, планирање на теренот и добивање дозволи за помали центри, со капацитет под пет мегавати и можност за подоцнежно проширување.

    „Таков интерес има за целиот регион. Голем дел од државите од нашето соседство многу рано започнаа со привлекување на таков вид на инвестиции, тука предничи Романија, Грција, Унгарија, Бугарија, така што имаме веќе во соседството развој, а кај нас повеќе од 10 компании меѓународни покажале некакво ниво на интерес. Ниту една од овие компании не е стасана во фаза да имаме проект по којшто треба да се произнесеме. Проект со којшто тие би требало да бараат локација, изведби и така натаму. Имаше, мислам дека 2024 – 25 година, една идеја за браунфилд инвестиција во Центр за податоци, во една постојачка фабрика во Македонија, но за жал, таа инвестиција се уште не го гледа светлото на ден.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично