
Колку се ранливи македонските институции на политичко и економско влијание преку странски капитал? Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Анамарија Велиновска од Институтот за демократија предупредува дека слабите институции, корупцијата и менувањето правила за одредени инвеститори создаваат идеални услови за корозивен капитал. Таа вели дека проблемот не е само во странските компании, туку и во домашните политички актери кои им го отвораат патот. Разговорот отвора сериозно прашање – дали Македонија навистина гради отпорност или сè уште не сме доволно свесни колку лесно економското влијание може да прерасне во политичка зависност.
„ Многу ли сме ранливи како институции?
Според мене, да. Институциите ни се доста ранливи. Не само кај нас, на целиот Западен Балкан би рекла. Не би го ставала целиот Балкан тука, меѓутоа, посебно земјите кои што аспирираат да станат членки на Европската Унија, кои што се уште ги зајакнуваат своите институции и кои што се подложни на корупција, кои што се подложни на слаби капацитети и така натаму. Тоа ни создава плодна почва за некој да може да дојде и да ги искористи во најмала рака за влез..“
Аналитика








