Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска говореше за ситуацијата во нејзината партија, каде дел од новото раководство немаше или се уште нема членски карти од партијата. Лукаревска нагласи дека тоа е вообичаена ситуација и дека тие се добредојдени, ако имаат докажано политичко минато и посветеност кон социјалдемократските вредности.
„На вториот конгрес за кој што зборувавме пред малку, избирана беше заменик-претседателка и членови на Централниот одбор. Веројатно, внимателно јавноста слушна и тоа е за почит. Во говорот на новата заменик-претседателка, беше кажано и таа сама кажа, јас не сум член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Меѓутоа, сметам дека сум, содоветно, додадена вредност и со целиот свој капацитет и професионалност, ќе помогнам во креирањето на политиките и враќање на вистинските патеки на СДСМ. СДСМ го прифаќа секој оној кој што ги дели и ги гаи социјалдемократските вредности. Да го поставиме и обратно прашањето што одговор би добиле.
Ако има некој кој што не ги гаи социјалдемократските вредности, како би се поставиле?“
Гледајте нѐ и притиснете subscribe на Јутјуб каналот ПАРИ. Премиерите се секој четврток во 12.00 часот, а сите содржини се бесплатни благодарение на нашите пријатели кои поддржуваат квалитетна јавна дебата.