ПОВЕЌЕ

    100.000 платежни картички од проектот„Купувам Домашно“ издаде Стопанска банка АД – Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје заклучно со 18.07 издаде 100.000 платежни картички од проектот и процесот на издавање продолжува и понатаму.
    Клиентите кои го пропуштиле својот термин можат да се обратат во секој следен работен ден во посочената филијала.
    Клиентите кои се уште немаат термин (од последната група решени приговори) најдоцна до среда ќе добијат термин и локација за подигнување на картичките.

    Напоменуваме дека средствата на картичките треба да се искористат најдоцна до 15 август 2020 година.

    Работното време на филијалите на Банката е од 8:30 до 16 часот од понеделник до петок за сите трансакции на клиентите и за издавање на картичките.

    Исклучок се филијалите Тетово Нова и Куманово.
    – Тетово Нова продолжува да работи исклучиво за издавање на картички од 8:30 до 19 часот.
    – Филијалата Куманово за издавање на картичките работи само од 14:30 до 19 часот.

    За дополнителни информации за картичките и за работното време на филијалите обратете се во нашиот 24/7 Контакт центар на (02)3100 109 или користете ја нашата веб страница www.stb.com.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично