ПОВЕЌЕ

    „КРИЗАТА ВО ГЕРМАНИЈА Е СЕРИОЗНА – Македонија мора да се прилагоди!“

    Време зa читање: 2 минути

    „Македонија е економски врзана за Германија. Но, што ако состојбата со германската економија се влоши? Индустриското производство веќе опаѓа, автомобилскиот сектор губи клиенти, а Полска ги презема германските фабрики. Професорот Синиша Наумоски предупредува дека мора да бараме и алтернативи, бидејќи ако во Германија е лошо, ќе биде и кај нас!

    Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кој се емитува премиерно секој четврток, а се гледа секогаш кога ќе се посака.

    „Имаме убава носталгија, но тоа заврши и ние мораме да гледаме напред. Е сега, како да гледаме напред? Германија е во криза и тоа е сериозна криза. Ајде, за Германија неколку факти… Ќе пробам да направам „SWOT“ анализа. Неколку факти кои се неубави. Раст на БДП – 0,2 %. Пад од минус 3,2 % на индустриско производство. 30 % концентрација на пазар на автомобилска индустрија во Кина, која паѓа сега. Сега е симнат на 22 %. Кинезиве веќе не купуваат… И еве ја сега Полска. Полска го користи ова, оваа слабост на лидершипот во Германија, слабоста на Европската Унија во однос на двојна некомпакност, а сето тоа поттикнато од воените жаришта во Украина и последователно кризите и Полјаците успејаа 10 милијарди евра да привлечат инвестиции од Германија. Зошто? Бидејќи, секој германски претприемач сака да има приближно иста продуктивност колку неговиот граѓанин, но многу пониски цени.“

    Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.  

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично