ПОВЕЌЕ

    Крипто заедницата во Македонија гласаше: Дали сега треба да се купува Биткоин?(АНКЕТА НА ПАРИ)

    Време зa читање: 3 минути

    Најпосакуваното прашање во историјата на инвестиции и трговија е купете сега или почекајте додека цената не се намали. Сите бараат одговор на ова прашање. Особено откако неодамна Биткоин стигна до речиси 65.000 долари и повторно се најде на насловните страници и го донесе дигиталното средство во вниманието на новите инвеститори ширум светот, а се повеќе и кај нас. Иако кај нас тргувањето со дигитални пари не е законски регулирано, се повеќе граѓани меѓу нив и се помлади своите заштеди ги вложуваат во крипто индустријата.

    Во моментов цената на Биткоин, водечката криптовалута се движи нешто над 38.000 долари. По неодамнешниот историски рекорд оваа дигитална пара доживеа огромен пад, но инвеститорите изгледа не се многу загрижени. Зошто? Бидејќи сметаат дека многу брзо Биткоин ќе почне да расте.

    Порталот Pari.com.mk реши да направи една анкета помеѓу крипто заедницата во Македонија. Во моментов кога е правена анкетата цената на Биткоин изнесува 37.000 долари. Еве што одговориле нашите граѓани на прашањето:

    *Дали сметате дека сега е моментот да се инвестира(купи) и очекувате дека значајно ќе порасне до крајот на 2021 година?

    *Дали би продале(очекувате да се намали вредноста)?

    Всушност анкетата покажува дека Македонците се големи оптимисти во однос на криптовалутите. Во анкетата дури 207 Македонци кои тргуваат или сакаат да тргуваат со криптоваути одговориле позитивно. Значи заклучокот на македонските инвеститори на крипто пазарот е дека сега е моментот да се купуваат дигитални пари кога цената е пониска, бидејќи сметаат дека неговата вредност ќе порасне до крајот на годината со што ќе си обезбедат профит.

    Многу мал е бројот само 12, на оние Македонци што одговориле  дека во моментов треба да се продава бидејќи крипто пазарот е многу нестабилен и вредноста на криптовалутите ќе оди само надолу.

    Еве дел од коментарите кои македонските инвеститори ги навеле под анкетата:

    “По сите најави се очекува цената на Биткоин да падне до 25.000 долари, во најлош случај до 20.000 долари. Потоа очекуваме да скока нагоре”

    “Уште максимум 12 до 24 месеци цената ќе се движи под 100 000, долгорочно ќе надмине милион”..

    Ова се само дел од објаснувањата кои учесниците во анкетата на Pari.com.mk ги дале по учеството во анкетата.

    Биткоинот падна за 40% од рекордното високо ниво од 64.895 американски долари погодено на 14 април оваа година. Најниско ниво имаше минатата недела во среда кога падна на 30.066 долари. Најголем удел во паѓањето на цената на Биткоин имаа твитовите на Елон Маск, директорот на Тесла, како и најавите од Кина за ограничување на пазарот со криптовалути.

    Редакција Пари 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично