ПОВЕЌЕ

    КРАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ! Биљана Мишиќ за „Каде се парите“? објаснува како денес НЕ МОЖЕ да се земе кредит на туѓо име

    Време зa читање: 2 минути

    Злоупотребите со украдени лични карти беа болна точка за граѓаните. Денес, тоа е минато. Биљана Мишиќ, директорка на Иуте Македонија, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува како со новите технологии се гарантира безбедност — или се појавувате лично, или ве верификува биометрија. Дали конечно се стави крај на лажните апликации за кредити? Гледајте ја епизодата на Јутјуб и не заборавајте да притиснете „subscribe“ за повеќе вакви важни теми за вашите финансии.

    „Начинот на идентификација на клиентите во функција на многу поголема сигурност и многу поголема безбедност за нашите потенцијални клиенти на друштвата. Тоа е начинот на кој што се идентификуваат денес, а тоа е преку регистрирана електронска шема за биометрија, каде што технологијата ви помага да потврдите дека сте вие – вие, кога се идентификувате пред банките, пред финансиските друштва, пред било кој учесник во дејност која што бара идентификација на идентитетот на клиентите или е задолжителна физичка идентификација на клиентите. Тие се два единствени начини на кои што ние можеме да ги идентификуваме денес клиенти….

    Сликањето е стриктно регулирано преку регистрирана шема за електронска идентификација. Постојат на ниво на земја две регистрирани шеми за електронска идентификација, тоа се Евротраст и OneID.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично