ПОВЕЌЕ

    Ковачевски во СКСМ: Со инвестициите ќе станеме држава на подобро платени работни места, наместо на евтина работна сила

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија може да биде држава на подобро платени работни места, наместо на евтина работна сила. Можности за тоа се отвораат преку зголемениот број инвестиции. Кога една компанија напредува, тоа е мотив и друга компанија да влезе и да инвестира, рече премиерот Ковачевски на средбата со бизнис заедницата во Стопанската комора. Притоа, ги информираше претседателот на СКСМ, Бранко Азески, и членовите на Управниот одбор на Комората за работната посета во САД, за која посочи дека е од национална и од државна важност.

    За бизнис заедницата, нагласи премиерот, особено е важна поддршката што државата ја има од САД, потенцирајќи дека влезот на странски познати компании кај нас, значи и повисок инвестициски рејтинг.

    „Носиме инвестиции кои се брзорастечки. И со ова државата ја ставаме на мапата земји кои имаат капацитет за големи инвестиции и за инвестиции на 21 век“, порача премиерот Ковачевски. Воедно, посочи дека бизнис заедницата е важна за креирање на економските политики на државата, бидејќи приватниот сектор е еден од двигателите на економијата.

    Претседателот на СКСМ потенцира дека Комората и во иднина конструктивно ќе придонесува со мерки за подобрување на деловниот амбиент и притоа го акцентира напредокот кој земјата го постигна во меѓунационалниот дијалог.

    На средбата во Комората, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за економскипрашања, Фатмир Битиќи и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, премиерот информираше и за разговорите со државните секретари Блинкен и Ескобар, кои потврдија  дека евроинтеграциите на земјава се неповратен процес.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично