ПОВЕЌЕ

    „Костал Македонија“: Во јули стартува третата инвестиција од речиси 50 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Нова инвестиција од речиси 50 милиони евра и ангажирање на повеќе од 300 работници најавија од германски „Костал“. Трето вложување по ред во седумгодишното опстојување на македонскиот пазар. Информацијата е потврдена на средбата која премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, ја остварија со претставници на менаџментот на „Костал“ Групацијата.

    Се работи за нов инвестициски проект на „Костал Македонија“ во Охрид, за производство на полначи за електрични и хибридни возила. Стартот на реализацијата е предвиден за јули, а ќе се одвива во периодот до декември 2026 година. Заедно со претходните две фази, вкупните реализирани инвестиции на компанијата во Македонија ќе достигнат 150 милиони евра.

    Проширувањето на инвестицијата на оваа, како и на другите компании основани од странски инвеститори во земјава, е показател за добрите владини политики за создавање поволен и предвидлив амбиент за инвестирање, смета премиерот. Воедно, додаде, со тоа се испраќа силна порака во светот за поддршката која Владата ја обезбедува за актуелните и потенцијални инвеститори.

    Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, информираше дека досега компанијата вложила над 100 милиони евра во фабриката во Охрид, а планот е да се започне со производство со воведување на најновите SAC (Smart Actuator Charging) технологии и системи за полнење од групацијата „Фолксваген“. Тие ќе бидат вградени во најновите модели на „Фолксваген“, „Шкода“, „Сеат“, „Ауди“ и „Порше“. Системите за полнење на овие светски брендови за сите хибридни и електрични возила ќе бидат произведувани во.

    Како што се посочува, „Костал Македонија“ ќе стане единствена глобална локација каде ќе се произведуваат овие системи за енергетска електроника, без разлика на тоа каде крајно се склопуваат автомобилите.

    Според Мизо, од голема важноста е помошта што државата ја обезбедува за „Костал Македонија“, која компанијата ја користи од првиот ден на своето постоење,. Досега искористиле финансиска помош од 12,5 милиони евра. Во моментов, тука работат 1.020 вработени, чија просечна плата е далеку над државниот просек.

    Дополнително, „Костал Македонија“ инвестира и во производство на најновите кровни модули кои ја користат последната SkinTec технологија,која се применува за најексклузивните модели на Daimler како што се Mercedes EQS, EQE, C + S CLASS, AMG SL.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично