Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за септември од понеделник, 28.09.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.
Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
- понеделник 28.09.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
- вторник 29.09.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
- среда 30.09.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
- четврток 01.10.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари
За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од Коронавирусот на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.