ГД Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот Јануари – Септември 2020 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи.
Консолидираните финансиски извештаи за периодот Јануари –Септември 2020 година ги опфаќаат работењето на следните друштва вклучени во консолидацијата:
- ГД Гранит АД Скопје – матично друштво
- Хотел Гранит ДООЕЛ Охрид – 100% поседуван
- Карваш ДООЕЛ Скопје – 100% поседуван
- Гранмак Виена гмбх – 100% поседуван
- Гранмак експорт-импорт гмбх Германија – 100% поседуван
- ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ – 100% поседувана
- ГД Гранит Подружница Бања Лука БИХ – 100% поседувана
Биланс на успех
Вкупни приходи
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2020 година изнесуваат 3.416.774 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2019 година бележат намалување за 20,7%.
Вкупни расходи
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2020 година се во износ од 3.308.736 илјади денари, споредено со истиот период 2019 година бележат намалување за 18,8% .
Во периодот Јануари – Септември 2020 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 108.037 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 142.375 илјади денари. Останатата сеопфатна загуба која беше остварена во периодот до месец јуни 2020 година во износ од 89.560 илјади денари и која произлегуваше од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото, во 3 квартал на 2020 година е елиминирана поради порастот на пазарните цени особено во месец септември 2020 година.
Сметководствени политики и методи на вреднување
Во периодот на известување во 2020 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во консолидираните финансиски извештаи на ГД Гранит АД.
Дивиденда
Во периодот Јануари – Септември 2020 година, е одржано Собрание на акционери на кое се одлучувало за распределба на дивиденда. Годишното Собрание на акционери за 2019 година е одржано на 11.05.2020 на кое е одлучено да се распредели износ од 92.331 илјади денари за дивиденда преку распределба од акумулираните добивки на Друштвото остварени до 31,12,2008 година. Бруто дивиденда по акција изнесува 33,33 денари. Дивидендата е исплатена во текот на месец септември 2020 година.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Септември 2020 година изнесуваат 118.331 илјади денари.
Промени во кредитни задолжувања
Во периодот Јануари – Септември 2020 година, нема промени во кредитните обврски на Друштвото, односно нема нови задолжувања по кредити ниту пак отплати со оглед дека Друштвото немаше задолженост по овој основ со состојба на 31.12.2019 година, ниту во текот на периодот.