ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА АПРИЛСКИТЕ ПЕНЗИИ

    Време зa читање: 2 минути

    Намалувањето на присуството на голем број луѓе во затворен простор и самозаштитата е една од најважните мерки на превенција. Поради тоа на нашите корисници и овој месец им овозможуваме предвремена исплата на пензиите.

    Пензионерите кои имаат платежни картички, со своите априлски пензии ќе можат располагаат веќе од петок 24.04.2020 г.
    За пензионерите кои не користат платежни картички, исплатата ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата:

    🔴 понеделник 27.04.2020 г. исплата на пензии до 11.000 ден.

    🔴 вторник 28.04.2020 г. исплата на пензии од 11.001 ден. до 14.000 ден.

    🔴 среда 29.04.2020 г. исплата на пензии од 14.001 до 18.000 ден.

    🔴 четврток 30.04.2020 г. исплата на пензии над 18.000 ден.

    Апелираме строго да се почитува распоредот со цел да се намалат редиците и да се заштити колективното здравје.

    Клиентите кои ќе мора да ги посетат шалтерите, задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.

    Да ги заштитиме најранливите. Да го заштитиме јавното здравје, известуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично