ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка на 25 април ќе започне со исплата на дивидендата за 2023 година

    Време зa читање: 2 минути

    Со исплата на дивидендата за 2023 година Комерцијална банка ќе стартува на 25 месецов. Тоа право ги опфаќа акционерите евидентирани во книгата на акции на 11 април.

    Исплатата на правните лица, ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

    За физичките лица исплатата ќе се врши преку системот е-Персонален данок. Бидејќи Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци, Комерцијална банка ги повикува акционерите кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, тоа да го сторат според процедурите на Управата. „Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија“, нагласено е во соопштението од Банката.

    Средствата од дивидендата за 2023 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување или инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично