ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка како „Зелен поборник“ и оваа година ќе помага за зачувување на животната средина

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка во општествената одговорност како нивна успешна приказна, и оваа година се посветуваат на зачувување на животната средина, со цел да биде почиста и поздрава.

    Како горд „Зелен поБорник“, Комерцијална банка и оваа година ќе биде поддржувач на најголемата волонтерска иницијатива „Боренка“, велејќи дека само така се потикнува поголема грижа за природата.

    -Нашата поддршка за Боренка ја започнавме во 2024 година и реализиравме низа успешни активности: Со голема волонтерска пошумувачка акција засадивме 6.000 стебла во опустошените подрачја во Источна Македонија. Така виртуелната шума на Банката, која ја полнеа и сите нови клиенти на Пакетот за млади, стана вистинска – велат до Комерцијална банка.

    Организирани се низа едукативни работилници за деца од предучилишна и училишна возраст, на кои нивната Верверичка ги учела децата зошто шумата значи живот.

    -За децата на вработените во Банката организиравме забавно-едукативен настан во соработка со Сојузот на извидници. Активно работевме на зголемување на јавната свест за заштита на животната средина – истакнуваат од Банката.

    И во 2025 година остануваат посветени на одговорното однесување кон природата затоа што како што велат поолесно е заедно да се обезбеди поздрава и поодржлива околина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично