ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка АД Скопје започнува со предвремена исплата на јунските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка  ќе изврши предвремена исплата на јунските пензии на своите ценети клиенти.

    Исплатата за пензионерите кои не користат платежни картички, ќе биде организирана во четири групи, и тоа според висините на пензиите:

    • петок 26.06.2020 г., исплата на пензии до 11.000 денари,
    • понеделник 29.06.2020 г., исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
    • вторник 30.06.2020 г., исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
    • среда 01.07.2020 г., исплата на пензии над 18.000 денари.

    Од банката потсетуваат дека клиентите при посетата, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.

    Пензионерите при подигањето на своите пензии на шалтер, ќе може да побараат некоја од следните услуги со кои ќе ја намалат потребата од посета на банка:

    Со трајниот налог сметките ќе им бидат секогаш навремено платени без да доаѓаат во банка, со што ќе им помогнеме да останат дома и да се заштитат од ризик. За тоа ќе биде доволно при нивното доаѓање на шалтер ДА ГИ ДОНЕСАТ СМЕТКИТЕ ЗА ЈАВНИ УСЛУГИ (струја, парно, вода, телефон), а нашите вработени ќе им ги објаснат сите можности кои се на располагање.

    Да ги заштитиме најранливите. Да го заштитиме јавното здравје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично