ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка горд поддржувач на Клубот на одговорни бизниси

    Време зa читање: 2 минути

    Како општествено одговорна компанија со високо вкоренети корпоративни вредности Комерцијална банка ја има честа да биде еден од промоторите на „Клубот на одговорни бизниси“ во земјава.

    Комерцијална банка ја потпиша Заложбата за прифаќање на вредните начела на Клубот на одговорни бизниси на настанот што беше организиран од страна на Здружението „Конект“ и поддржан од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, УСАИД, Европскиот центар за непрофитно право, Американската Стопанска Комора, Стопанската Комора на северо-западна Македонија и Индиго.

    Начелата на овој Клуб се начела за кои посветено се залага и Комерцијална банка во целокупното свое работење, а особено преку општествено одговорните практики преку кои несебично придонесува за подобрување на севкупните состојби во општеството. Банката се стреми за континуирано позитивно влијание врз општеството и за создавање одржлив бизнис.

    Во таа насока ги цениме инклузивноста, правичноста и човековите права, работиме со интегритет, транспарентност и отпор кон корупцијата, ги почитуваме заедниците и ги поддржуваме развојот и позитивните општествени промени, активно се стремиме да го намалиме негативното влијание врз животната средина и придонесуваме за заштита и унапредување на развојот на нашите вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично