ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Донацијата за „Михајлово“ е придонес кој поттикнува здрави навики и спортски дух

    Време зa читање: 3 минути

    Годината во која одбележува седум децении успешно опстојување, на Комерцијална банка и почна со реализација на проектот ски-центар „Михајлово“, за чие опремување донираше средства. Отворањето се случи на самиот почеток од Новата година. Со тоа Кожуф станува посакувана спортско-рекреативна дестинација, а кавадаречкиот регион добива уште една можност за поголем развој. Новиот ски-центар е во близина на детското одморалиште Михајлово.

    Донацијата е продукт на заложбата да се даде придонес за квалитетен живот на младите генерации и за развој на локалните заедници.

    „Во годината во која гордо славиме 70 години Комерцијална банка, донацијата вредна 7.120.000 денари за набавка на ски-лифт и останата опрема за детски ски-центар ни претставува особена радост затоа што промовира здрави навики, активен животен стил и забава за најмладите“, велат од најуспешната македонска банка.

    Со обезбедената финансиска поддршка ски-патеката во Михајлово е опремена со ски-лифт во должина од 370 метри, со капацитет од 600 лица на час, скијачки појас, четири сезонска вртелешка, мобилна пумпа, заштитна мрежа, санка за спасување, гуми за лизгање и друга дополнителна опрема.

    „Со големо задоволство ja поддржавме изградбата на новиот ски-центар Михајлово затоа што со тоа помогнавме овој регион да добие нова атрактивна и корисна содржина за правилен развој на децата. Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка се гордее со секој свој придонес кој поттикнува здрави навики и спортски дух кај младите генерации. Донацијата за овој ски-центар е дел од нашата стратегија за поддршка на спортот и образованието. Веруваме дека новиот ски-центар ќе натера многу деца да ги засакаат спортот и природата уште од најрана возраст“, истакна Александар Данев, директор на филијалата во Кавадарци.

    Долгорочниот успех на Банката е тесно поврзан со напредокот на заедницата, уверени се во Комерцијална банка, и посочуваат дека цели седум децении поддржуваат проекти и активности кои имаат длабок и траен импакт врз општествениот развој, образованието, здравјето и благосостојбата на граѓаните.

    „Во оваа значајна година за Комерцијална банка, среќни сме што заедно ја делиме радоста од нашите достигнувања и успеси“, велат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично