КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје објави важно соопштение за сите членови на задолжителниот пензиски фонд со кој управува друштвото, а кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Почнувајќи од 1 јули 2020 година, оваа категорија на членови има право на избор за продолжување на членството во втор столб, најдоцна до 30 септември 2020 година.
По истекот на рокот, нивната регистрација ќе биде избришана од Регистарот на членови на задолжителен пензиски фонд, а вкупниот износ на средства акумулирани на индивидуална сметка во втор столб ќе биде пренесен во Фондот на ПИОСМ.
Повеќе информации за наведеното прочитајте тука.