ПОВЕЌЕ

    Капитал банка со промотивни камати за штедните влогови во денари и евра

    Време зa читање: 2 минути

    Капитал банка на штедачите им нуди новите штедни влогови со високи каматни стапки. За депозитите во денари и евра, исплатата на камата, која е фиксна, се врши полугодишно, годишно, со месечна исплата или по истекот на периодот на орочување.

    За денарските депозити со декурзивна камата (се пресметува и плаќа на крајот од периодот на вкаматување) орочени на шест месеци стапката е 1,75 проценти, на 15 месеци – 3,50 и на 36 месеци – 4 проценти.

    За влоговите во евра со декурзивна камата кои се со рочност од 13 месеци предвидена е камата од 2,50 проценти, за 25 месеци – 3 и за 36 месеци стапката е 4 проценти.

    Каматната стапка од 2,50 проценти се пресметува за денарските штедни влогови орочени на 12 месеци, при што средствата по основа на камата се исплатуваат месечно.

    За повеќе информации, заинтересираните можат да се обратат во експозитурите на Капитал банка. Погодностите за новите штедни влогови можат да се користат до 31 мај, до кога трае промотивниот период.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично