ПОВЕЌЕ

    Канди Инвест со 7,02 % од акциите, Панделески не е акционер со над 5 % во ЗК Пелагонија

    Време зa читање: 2 минути

    Промена во сопственичката структура е регистрирана во ЗК Пелагонија од Битола. Дејан Панделески повеќе на поседува акции кои му обезбедуваат удел поголем од 5 проценти. Нов акционер со значаен пакет е Канди Инвест. Има 14.233 акции, односно 7,02 проценти од акционерскиот капитал.

    Новиот акционер е фирма што се занимава со трговија на големо со жита, суров тутун, семе и добиточна храна, што го позиционира бизнисот директно во земјоделскиот сектор. Основана е во јули 2024 година, а единствен сопственик и управител е Зоран Илоски.

    Според податоците достапни на Бизнис Мрежа, Канди Инвест лани остварил вкупни приходи од 805 илјади евра. Годината е заокружена со добивка од 40,3 илјади евра, наспроти првичната загубата од нешто над шест илјади евра забележана на крајот од 2024 година. Фирмата има еден вработен.

    Илоски, пак, е бизнисмен со повеќегодишно искуство во раководењето со компании од земјоделско-прехранбениот сектор, меѓу кои и тетовски Жито Полог и Млекара Здравје Радово. Исто така, бил и директор на Цип Продукт – мнозинскиот акционер на Пелистерка, како и неизвршен член на Одборот на директори на Пелистерка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично