ПОВЕЌЕ

    КАМ, ВЕРО, СТОКОМАК, КИППЕР… Кој од најголемите маркети дава најголеми плати, кој најмали?

    Време зa читање: 4 минути

    ПАРИ АНАЛИЗА | Касиери, продавачи, редачи на роба и магационери – се работните позиции кои газдите на трговските синџири постојано ги огласуваат. Според работодавачите тешко се наоѓа добар работник, а уште потешко се задржува. Но зошто е тоа така?

    Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги стави „под лупа“ платите во најголемите трговски синџири кои се дел и од 100-те најголеми фирми по приход во Македонија. Податоците покажуваат дека компанијата која прави најголем приход, односно кај која најмногу пазарат граѓаните, а тоа е „Кам“,  најмногу ги плаќа своите вработени, а компанијата која прави најголема добивка, а тоа е „Верополус“ – дава најмали плати, судејќи според просекот исплатен во 2021 година.

    Плати во трговските синџири

    КомпанијаПросечна плата 2021Просечна плата 2020Раст 2021/2020
    Кам26.167,7224.714,19 6%
    Стокомак22.885,2821.526,326%
    Тинекс22.471,4521.536,654%
    Рамстор22.293.6323.824,56-6%
    Жито22.053,0520.848,266%
    Кит-го20.947,1420.833,831%
    Киппер20.362,7518.617,699%
    Верополус19.978,8017.846,6412%

    Износите се во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Во „Кам“ минатата година просечната плата била 26.167 денари е тоа е скок од 6 проценти во однос на просекот од 2020 година. „Кам“ деновиве се пофали и дека веќе почнува исплата на регрес за вработени од 33.000 денари, како и дека во април реализирал зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%. „ Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари“.

    Кам минатата година ја завршил со добивка од 5 милиони евра.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Кам187.500.0005.000.0001.122

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    Шест проценти раст во однос на 2021 година, имале и вработените во „Стокомак“ и минатата година нивната просечна плата била 22.825 денари. Лани, 563 работници учествувале во креирање на добивката од 3,6 милиони евра.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Стокомак 94.500.000 3.600.000 563

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    Зад „Стокомак“ по просечна плата е „Тинекс“. Овој познат трговски синџир имал поголем промет од „Стокомак“, но помала добивка и помала просечна плата. Просечната плата на вработените се зголемила за 4 проценти и лани била 22.471 денар.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Тинекс 102.700.000 2.600.000 1.480

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    Многу слични како во „Тинекс“ се и платите во „Рамстор“. Но, ова е единствениот трговски синџир кој евидентирал намалување на просечната плата во 2021 година во однос на 2020 година. Намалувањето е 6 проценти,со што ланскиот просек на платите бил 22.293 денари. „Рамстор“ минатата година имал добивка од 1,4 милиони евра, и таа е значително поголема отколку во 2020 година кога добивката била 300.000 евра, но сепак податокот за просечната исплатена нето плата покажува нејзино намалување.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Рамстор 53.400.000 1.400.000 728

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    „Жито“ лани имал добивка од 1.150.000 евра благодарение на релизиран приход од 58,4 милиони денари создаден од 891 вработен. „Жито“ му избегал на „Рамстор“ по приходите, но не и по добивката, па малку заостанува и зад просечната плата и лани исплатиле просечна плата од 22.053 денари.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Жито 58.400.000 1.150.000891

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    „Кит-го“ има поголема добивка и од „Жито“ и од „Рамстор“ но трговската фирма поделила помала просечната плата и таа во текот на минатата година изнесувала 20.362 денари.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Кит-го67.500.000 2.200.000 783

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    „Кипер“ е трета компанија по приход и трета по добивка на листата на трговски синџири, според податоците за 2021 година, но во однос на просечната плата е на седмата позиција. Лани, во оваа компанија прсечната плата била 20.362 денари при раст на плати за 9 процети во однос на 2020 година.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Киппер99.300.000 4.790.000 748

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    Верополус“ е шампион по ланската добивка меѓу трговските фирми. Лани, со вкупен приход од 86,7 милиони евра, „Верополус“ направил добивка од 10,3 милиони евра. Но, токму во оваа компанија е и најниската просечна плата од 19.978 денари и покрај тоа што таму има највисок годишен раст на просечната плата во однос на сите други трговски синџири и тој раст изнесувал 12 проценти.

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020
    КомпанијаПриход ДобивкаВработени
    Верополус86.700.000 10.300.000 979

    Износите се во евра | Извор на податоци:  БизнисМрежа.Мк

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично