ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на УНИ Банка за периодот што следи?

    Време зa читање: 2 минути

    Како што пишавме претходно, УНИ Банка оствари добивка од 36,6 милиони денари во првите три месеци од годината.

    Податоците за остварување на билансните цели на банката се речиси на нивото на планираните  за 2021 година.

    Во првите три месеци од 2021 година, нето кредитното портфолио на банката од секторот население и правни лица е под таргетираното ниво.

    Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 31.03.2021 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на минимално надминување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се  зголемени за 1.7% во однос на 31.12.2020. Од друга страна прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително намалување и се за 11% под таргетираното ниво за првиот квартал од годината.

    Светската пандемија предизвикана од COVID 19 продолжува да има силни економски    последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

    Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично