ПОВЕЌЕ

    Џо Бајден го зголеми данокот за богатите за да собере пари за сиромашните 

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот претседател Џо Бајден ги повика богатите Американци и корпорации да плаќаат „фер удел“ преку даноци при финансирање на високото образование и други поволности за посиромашните работници.

    Говорејќи на колеџот „Tidewater Community“, центар за високо образование во градот Норфолк, Вирџинија, Бајден рече дека проширувањето на американскиот систем за јавно образование што го предложи, ќе придонесе за рамнотежа во економијата и ќе биде од корист за Американците со пониски примања, пренесува Ројтерс.

    „Соединетите држави можат да обезбедат две годишно високо образование со покачување на највисоката стапка на данок на доход на нивото од 2001 година“, рече Бајден.

    Тој исто така рече дека планира да обезбеди даночно олеснување на луѓето од работничката класа и да ги принуди сите да плаќаат „фер удел“.

    Школските посети се дел од кампањата за промовирање на планот на Бајден во износ од 2,3 трилиони долари за обнова на патиштата и друга инфраструктура, како и пакет социјална потрошувачка од една милијарда долари, кој вклучува 10 милијарди долари за образование и грижа за деца, и 800 милијарди долари даночни кредити за семејства со средни и ниски примања.

    Финансирани од повисоки даноци за корпорациите и богатите Американци, двата предлога заедно ќе ја претставуваат најголемата иницијатива за домашна потрошувачка од 1960-тите.

    „Ние ќе го финансираме тоа осигурувајќи дека корпоративната Америка и најбогатите 1 процент од населението го плаќаат својот фер удел“, рече Бајден.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично