ПОВЕЌЕ

    Измени и дополнувања на Тарифникот на Македонска берза со примена од 30 октомври 2019 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза за измени и дополнувања на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонска берза АД Скопје бр.02-1470/1 од 24.09.2019 година и Решението на КХВ бр.УП1 08-76 од 27.09.2019 година, од 30.10.2019 година започнаа со примена измени и дополнувања на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонска берза АД Скопје.

    Измените и дополнувањата се однесуваат на надоместокот за ревидирање на берзански трансакции, надоместокот за објавување на намера за преземање на акционерски друштва, надоместокот за структурна репликација на индексите на Македонска берза и употребата на индексниот назив за комерцијални цели за инвестициски фондови и за  финансиски производи, како и на надоместокот за издавање на потврда во врска со историски податоци од тргувањето.

    Пречистениот текст на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонска берза АД Скопје може да се најде на интернет страната на Македонска берза, во делот Регулатива/Акти на Берзата/Тарифник или на следниов линк: ТАРИФНИК.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично