ПОВЕЌЕ

    Истекува рокот за поднесување на Изјава за членовите со бенифициран стаж

    Време зa читање: 2 минути

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд.

    Согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 април 2023 година година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 јули 2023 година.

    Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јули 2023 година година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).

    Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.

    Членовите кои во претходните години доставиле Изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја доставуваат истата Изјава.

    Повеќе информации за Бенифициран стаж и Изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд на следниот линк:

    https://mapas.mk/obrasczi-i-izjavi

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично