ПОВЕЌЕ

    Интервју I Шен: Преку нашето делување продолжуваме да креираме развој во општеството

    Време зa читање: 5 минути

    Една деценија на корисниците им испорачуваат електрична енергија и ги исполнуваат нивните секојдневни потреби за струја. Со бројните активности во овој период и со висококвалитетните услуги, ЕВН Снабдување се позиционира на пазарот во Македонија. А, за компанијата е од големо значење тоа што со своето делување успеа да обезбеди сериозен придонес во развојот на слободниот пазар на електрична енергија во земјата, процес кој беше значаен за реалниот сектор и за заедницата, нагласува во интервјуто за порталот „Пари, менаџерот во ЕВН Снабдување, Беркант Шен.

    Пари: ЕВН Снабдување одбележува 10 години од своето постоење на пазарот. Кои се клучните придобивки за компаниите?

    Шен: Точно, зад нас е една цела деценија исполнета со голема динамика и многу активности кои придонесоа за позиционирање и развој на нашата компанија на пазарот. Но, за нас во ЕВН Снабдување е уште поважен фактот што преку нашето делување успеавме да дадеме сериозен придонес во развојот на слободниот пазар на електрична енергија во земјата, процес кој беше значаен за реалниот сектор и за заедницата. Уште на самите почетоци ЕВН Снабдување беше една од компаниите која понуди искуство, знаење и партнерство. Ние бевме свесни дека во услови на турбулентни промени на пазарот на снабдување со електрична енергија за компаниите беше од витално значење да имаат соработка со компанија која ќе понуди партнерски однос базиран на доверба. Тоа беше наша конкурентска предност, а со гордост можам да кажам дека и денес, преку начинот на кој работиме, услугите што ги нудиме и интегрираниот пристап, ние сѐ уште имаме водечка позиција. Компаниите препознаа дека можат да се потпрат на нашите искусни тимови и слободно да се посветат на развојот на својот бизнис.

    Пари: Вие и вашите колеги сте постојано во контакт со компаниите, кои се најчестите барања што стигнуваат до вас?

    Шен: ЕВН Снабдување има околу 3.600 корисници, од кои над 1.000 се мали и средни компании. Се работи за компании од различни индустрии, кои нормално имаат специфични потреби и очекувања. Една од работите што нѐ издвојува на пазарот е уникатниот пристап на нашите тимови кои нудат решенија по мерка на нашите корисници. За потребите на компаниите се грижат менаџери за клучни корисници, кои се распределени по географски региони. Секој од нив ја знае поединечната специфика на секоја од компаниите и е достапен за нив 24 часа, 365 дена во годината. Иако имаме голем број компании, сите ние точно ги знаеме нивните потреби и постојано работиме на подобрување на понудата и креирање решенија кои ќе ги пресретнат нивните потреби и ќе помогнат во нивниот развој. Ако треба да издвојам кои се најчестите теми на кои дискутираме со нашите партнери, секако, ќе ја издвојам енергетската ефикасност и инвестициите во обновливи извори на енергија. Компаниите трагаат по модели за намалување на трошоците за електрична енергија и зголемување на енергетската ефикасност, а во овој дел имаме големо влијание на пазарот, бидејќи нудиме дополнителни услуги поврзани токму со оваа област. Нашите тимови изработуваат енергетски извештај и енергетска ревизија, како и систем за управување со енергијата во компаниите, преку што компаниите ја зголемуваат својата енергетска ефикасност, намалувајќи ги трошоците и зголемувајќи ја својата конкурентност. Дополнително, преку услугата „виртуелен производител“ им овозможуваме на компаниите централизирано управување со производството на енергија од обновливи извори приклучени на електродистрибутивната мрежа, со цел оптимизација на трошоците.

    Пари: Како ја гледате компанијата во иднина?

    Шен: Можеби ќе звучи нескромно, но ЕВН Снабдување ќе продолжи да биде лидер на пазарот и да ги креира стандардите во работењето. Ние и досега успеавме да развиеме сегменти кои се важни за целото општество. Изградивме сериозна инфраструктура за електромобилност низ земјата, со што создадовме можности за користење на електричните автомобили. Поставени се електрични полначи во 17 градови низ земјата на јавни површини, во хотели и трговски центри, а заедно со локалните институции ќе продолжиме да работиме во оваа насока. Ова е само еден пример на лидерство. Ние имаме амбициозни планови и ќе продолжиме да создаваме иновативни решенија на пазарот кои ќе придонесат за развој на нашата компанија, но и на целата економија во земјата. Светот се соочува со големи промени во енергетскиот сектор, па и во следниот период од исклучителна важност ќе биде да се креираат понуди кои на компаниите не само што ќе им понудат врвна услуга за најдобра цена, туку ќе бидат и поддршка во имплементација на промените на пазарите.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично