ПОВЕЌЕ

    Имаме 63 пензионери кои уживаат пензија над 53.000 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Во ноември годинава имало 258 пензионери со пензија над 51.000 денари. 63 пензионери го земале највисокиот износ од 53.691 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.310 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592 до 53.691 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 901 се со пензија од 41.244 денари.

    Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 324.592 лица додека просечната пензија во ноември изнесувала 15.449 денари.

    Најнизок износ на пензија земале 77.589 пензионери, од кои 59.770 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 17.819 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.240 денари до 11.427 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

    Само во месец ноември имало нови 2.206 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.459 а остатокот жени и најголем дел, 1.674 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 2.203 починати пензионери, од кои 1807 биле мажи.

    Податоците покажуваат дека од 324.592 пензионери најмногу 323.411 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.092 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 89 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

    Т.Д

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично