ПОВЕЌЕ

    ИМ СЕ ПОГОДИ КРИЗАТА: Нафтената и гасната индустрија лани заработила 4 трилиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Профитот на глобалната нафтена и гасна индустрија во 2022 година скокна на околу 4 трилиони долари од просечните 1,5 трилиони долари во последните години, изјави во вторникот шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.

    И покрај тие профити, земјите зависни од приходите од нафта и гас треба да се подготват да ја намалат зависноста од нафта бидејќи побарувачката ќе опадне на подолг рок, рече Бирол на конференцијата во Осло говорејќи преку видео врска.

    „Особено земјите од Блискиот Исток треба да ги диверзифицираат своите економии. Според мене, COP28 (самитот за климата) може да биде одлична пресвртница за промена на судбината на земјите од Блискиот Исток“, рече Бирол. „Веќе не можете да управувате со земја чија економија е 90% зависна од приходите од нафта и гас бидејќи побарувачката на нафта ќе се намали“, додаде тој.

    Домаќини на овогодишните климатски разговори на Обединетите Нации ќе бидат Обединетите Арапски Емирати, членки на групата земји-производители на нафта на ОПЕК.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично