ПОВЕЌЕ

    Масит одлично боксува за ИКТ индустријата

    Време зa читање: 2 минути

    На 25.09.2020 година, во Владата беа презентирани четвртиот сет на предлог мерки за помош и поддршка на бизнис заедницата која е значително оштетена од корона вирус кризата.

    Во овој сет на мерки, ИКТ индустријата и заложбите на МАСИТ се значително покриени, известуваат МАСИТ на официјалната Фејсбук страница, после вчерашната средба во Владата.

    Тие информираат за сегментите кои се покриени со четвртиот сет мерки кој денеска треба да се изгласа во владата, а е во интерес и на ИКТ индустријата:

    • Од 01.01.2021 година пресметката за персонален данок почнува скалесто да опаѓа од 10% на 0% до крајот на 2023
    • Засметување на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, валидно од 01.01.2021
    • За признаени расходи ќе се сметаат голем дел од трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар, валидно од 01 01.2021
    • За признаен расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг, валидно од 01.01.2021

    – Остнуваат на сила мерките за субвенции на плата, одложено плаќање на ДДВ, без каматни кредити за оштетени компании и многу друг. Следен чекор е предлог четвртиот сет на мерки да бидат усвоени од страна на Парламентот следната недела со цел дел од нив да стапат на сила од 01.10.2020 година, велат од МАСИТ.

    Четвртиот пакет економски мерки е тежок 350 милиони евра и е продолжение на претходните три пакети и сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на одржаната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) во Владата.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично