Најголемата и најуспешна македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“, симбол на квалитет и иновација, сега испишува ново златно поглавје на спортската сцена. Ракометниот клуб Алкалоид избори историски пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, демонстрирајќи пожртвуваност, срце и неверојатен тимски дух!
Ракометарите на РК Алкалоид ја пишуваат историјата! Со борбена игра и поуспешно изведување на седмерци, македонскиот тим го елиминираше норвешкиот Рунард Сандефјор и обезбеди место во големото финале.
По возбудлив и неизвесен натпревар, регуларниот дел заврши со победа на домаќинот од 34-29. Со оглед на предноста што Алкалоид ја обезбеди во Скопје, резултатот во двомечот беше израмнет, што ја донесе драмата на пенали. Таму, ракометарите на Алкaloид беа посмирени и славеа со 3-1.
Норвежаните стартуваа моќно, поведоа со 6-1 и диктираа висок ритам. Но, „алкалоидовци“ покажаа неверојатен карактер – постепено ја намалуваа разликата, на полувремето стигнаа до 19-15, а во вториот дел борбено се враќаа на секоја топка.
И покрај скратениот ростер, Алкалоид не се предаде. Со цврста одбрана, силна психолошка стабилност и прецизни изведувачи на пеналите – Серафимов, Митев и Петковски – тимот го запечати пласманот во големото финале.
РК Алкалоид за титулата ќе се соочи со екипата на АЕК од Грција. Финалните мечеви се закажани за 17/18 мај и 24/25 мај.
Македонскиот ракомет доби нова гордост. Алкалоид е на чекор до европска круна!