ПОВЕЌЕ

    Горан Трајковски поранешниот директор на УЈП влегува во одборот на директори на Витаминка

    Време зa читање: 8 минути

    Витаминка АД Прилеп на Македонска берза ги објави податоците за кандидатите за Одбор на директори на компанијата.

    Во согласност со членот 344 став (3) од Законот за трговските друштва, пред да се пристапи кон избор на член на одборот на директори, односно на член на надзорниот одбор, за секој кандидат, во писмена форма, се објавуваат податоци за возраста, полот, образованието и другите професионални квалификации, работното искуство и како го стекнал, во кои друштва е или бил член на орган на управување, односно на надзорен одбор и другите поважни функции што ги вршел, бројот на акциите што ги поседува во друштвото и во други друштва, како и заемите и другите обврски коишто ги има спрема друштвото.

    ПОДАТОЦИ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

    1. г-н Симон Наумоски, неизвршен член;

    Роден на 21.10.1941 година во Прилеп. Живее во Прилеп на ул.„Егејска“ бр. 95-А. По националност е македонец. Има завршено Технолошко-металуршки факултет во Скопје, дипломиран инженер технолог. Во редовен работен однос со П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп е од 15.07.1974 година и тој работен однос непрекинато трае до денес. Долги години ја вршел функцијата Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп. Во текот на годините има вршено значајни општествени и други раководни функции. Во два наврати бил пратеник во Собранието на Република Македонија, долги години бил Претседател на Регионалната Стопанска Комора во Прилеп, бил член на Управниот одбор на Стопанската Комора на Македонија, бил член на Надзорниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје во повеќе мандати. Актуелен Претседател е на ГС1 Македонија. Од 2010 година ја вршел функцијата Претседател на Управниот одбор на П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп, а од месец јуни 2014 година функцијата Претседател на Одборот на директори. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп поседува 29,48% од вкупниот број акции или вкупно 22.804 обични акции, што значи дека е најголем поединечен акционер. Нема заеми, ниту други обврски спрема друштвото.

     

    1. г-н Сашо Наумоски, член; 

    Роден на 16.10.1968 година во Прилеп. Живее во Прилеп на ул.„Егејска“ бр. 95-А. По националност е македонец. Има завршено Економски факултет во Прилеп, дипломиран економист, на насоката: Економија на претпријатија. Магистрирал на Економскиот факултет во Прилеп и се стекнал со научно звање магистер по економски науки. Во редовен работен однос со П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп е од 29.04.1996 година и тој работен однос непрекинато трае до денес. Од вработувањето континуирано работел во Комерцијалниот сектор на друштвото, подолг период вршејќи ја раководната функција Комерцијален директор. Во 2010 година е избран за Генерален директор на П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп, а од 2014 година за Генерален извршен директор и извршен член на Одборот на директори со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет. Во периодот од 2002-2011 година бил член на Управниот одбор на ФФМ. Во моментот е член на Управниот одбор на Македонско-бугарската Стопанска Комора, член е на Надзорниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје и од 2015 година е избран за Потпретседател на Стопанската Комора на Република Македонија. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп поседува 7,03% од вкупниот број акции или вкупно 5.390 обични акции. Нема заеми, ниту други обврски спрема друштвото.

     

    1. г-н Благоја Ѓорѓијовски, неизвршен член;

    Роден на 21.02.1951 година во с. Боишта, Демир Хисар. Живее во Скопје, Општина Центар, на ул.„Ленинова“ бр. 60-2/7.  По националност е македонец. Има завршено Економски факултет во Скопје. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје. Работи како редовен професор на Економскиот факултет во Скопје, во кое наставно-научно звање е избран од 1998 година. Бил управител на ДОО „Викарди“ с.Кременица, Битола, косопственик на ДОО „Агроленд“ Пехчево и АЛТРА ДОО Гевгелија во стечај и Управител на ДОО „Виртуелни бизнис системи“ Скопје. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп до 2014 год. бил надворешен член на Управниот одбор. Од 2014 година е неизвршен член на Одборот на директори. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп не поседува акции, нема заеми, ниту други обврски спрема друштвото.

     

    1. г-ѓа Маја Кадиевска Војновиќ, неизвршен член; 

    Родена на 21.05.1977 година во Скопје. Живее во Скопје, Општина Аеродром, на ул.„23 Октомври“ бр. 1/1-7. По националност е македонка. Во 2002 година има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје, а во 2007 година се здобила со титула магистер по бизнис администрација од универзитетот Шефилд во Солун. Тековно е на докторски студии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Има посетено над 30 професионални обуки од областа на макроекономијата и финансиите, огранизирани од ММФ, Светска банка, Системот на федерални резерви на САД (ФЕД), Европската Централна Банка (ЕЦБ), Банката за меѓународни порамнувања (БИС), централните банки на Англија, Швајцарија, Дојче Бундесбанк и други земји од Европа и пошироко. Во својата професионална кариера е панелист на 20 меѓународни конференции, сипозиуми и семинари и на над 20 домашни конференции и семинари. Има специјалиризирани обуки за лидерство организирани од Светска банка: Колоквиум за извршни лидери во Виндзор, Велика Британија и Програма за лидерство и управување со промени на катедрата за менаџмет при Универзитетот Јејл, Њу Хевен, САД. Има објавено девет труда како автор или ко-автор, учествувала во повеќе проектни истражувања за меѓународни и домашни организации, а тековно е редовен колумнист на списанието Економија и бизнис. Кадиевска Војновиќ тековно е предавач – експерт од пракса на Универзитетот Американ колеџ Скопје по предметите вовед во микроекономија и вовед во макроекономија. Во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), а во периодот од 2003-2011 година дел од Дирекцијата за монетарна политика и истажување во НБРМ, кадешто држеше различни позиции. Како вицегувернер беше задолжена за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи, беше извршен член на Советот на НБРМ и член на Комитетот за оперативна монетарна политика, а воедно држеше и две исклучително значајни позиции како Претседател на Комитетот за инвестирање на девизните резерви и Претседател на Комитетот за управување со актива и пасива. Во своето шеснаесет годишно искуство како централен банкар, на почетокот од својата кариера беше еден од основоположниците на макроекономските проекции на НБРМ. Како вицегувернер, активно беше вклучена во креирањето и спроведувањето на монетарна политика, во управувањето со девизните резерви на Република Македонија и во управувањето со билансот на НБРМ. Учествуваше активно на годишните собранија на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) и Светска банка и при мисиите на меѓународните финансиски институции и кредит рејтинг агенции. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп не поседува акции, нема заеми, ниту други обврски спрема друштвото, не остварил никакви дополнителни примања од друштвото, нема блиски семејни врски со некој од членовите на органите на управување или со раководните лица.

     

    1. г-н ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, неизвршен член;

    Роден на 12.06.1970 година во Скопје. Живее во Скопје, Општина Центар, на ул.„Дебарца“ бр. 42. По националност е македонец. Има завршено Правен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Положил правосуден и нотарски испит. Поседува богато работно искуство и тоа: Претседател на УО на Еуростандард Банка АД Скопје; Директор на Дирекција за заштита на лични податоци; Директор на Управа за јавни приходи; Секретар на Град Скопје; Раководител на Сектор за финансии на Град Скопје; Член на УО Македонска Банка АД Скопје; Член на УО Македонска Банка за обнова и развој; Директор на Управа за јавни приходи, Регионална дирекција – Скопје;  Раководител на Второстепена комисија од областа на даноци и царини; Советник за даночна политика и администрација на Министерот за финансии. Извршувал дополнителни професионални ангажмани и тоа: Пратеник во Собрание на Република Македонија; Претседател на УО на ЈП Водовод и канализација Скопје; Претседател на Комисија за утврдување на цени на лекови; Консултант на УСАИД за ДДВ и реформи во даночната администрација во Србија и Црна Гора; Консултант во Центарот за економски студии во Србија и Црна Гора; Претседател на Совет за денационализација; Претседател на владината Комисија за елементарни непогоди; Основач и Потпретседател на Фондот за жртвите од холокаустот во Македонија; Член на Комитетот за реформа на платниот промет во Македонија; Претседател на работните групи за подготовка на Закон за спречување перење пари; Претседател на работните групи за подготовка на Закон за финансиска полиција; Член на работните групи за промена на легислативата од областа на фискалните прашања; Член на Комитетот за имплементација на ДДВ; Омбудсман во Министерството за финансии; Член на Интердисциплинарната работна група за контрола на приватизацијата. Учесник е на бројни конференции, работилници и советувања, автор е на повеќе статии во областите од негов интерес. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп не поседува акции, нема заеми, ниту други обврски спрема друштвото, не остварил никакви дополнителни примања од друштвото, нема блиски семејни врски со некој од членовите на органите на управување или со раководните лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично