ПОВЕЌЕ

    Горан Антевски купи 1.000 акции од Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Горан Антевски, првиот човек на Раде Кончар – ТЕП, го зголеми сопственичкиот удел во Комерцијална банка. Со купените 1.000 акции, всушност инвестира во банката, каде што е член на Надзорниот одбор.

    „Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 1000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, пишува во нивната објава, споделена со инвеститорската јавност преку Македонска берза.

    Кога и по која цена Антевски ги купил акциите, не е познато. Според последната берзанска официјална дневна листа, акцијата на Комерцијална банка вреди 29.061,79 денари, а вчерашното тргување го завршила со позитивна промена од 1,6 проценти. Ако се смета по таа цена, овие илјада акции сега имаат вредност од над 470 илјади евра.

    Антевски, како и другите членови на Надзориот и на Управниот одбор, повремено купува акции од најголемата македонска банка, што е најочигледен показател за нејзината стабилноста и перспективност. Акциите на Комерцијална банка, кои се најбарани и најтргувани на Берзата, во април се движеле во ценовниот распон од минималните 28.433,26 до максималните 29.500 денари. Месечниот просек е 26.965 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично