ПОВЕЌЕ

    ЃОРЃИЕВСКИ за „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Како ќе се реши проблемот со сметките за струја?

    Време зa читање: 2 минути

    „Јавните комунални претпријатија се соочуваат со огромни сметки за струја, а некои од нив се оставени на најскапиот снабдувач, односно снабдувач во краен случај. Орце Ѓорѓиевски, претседателот на ЗЕЛС објаснува кои се опциите за решавање на проблемот – дали ќе одат на регулиран пазар или ќе мораат сами да избираат добавувачи? Дали Владата ќе преземе нешто или локалната самоуправа ќе биде оставена сама на себе? Дознајте ги деталите во ова издание на „Каде се парите? со Горан Теменугов“

    „Имаме две опции. Едната опција е да сите излегуваат со јавна набавка да вршат избор на фирма која што ќе ги снабдува, дали општина, дали јавно претпријатие и така натаму, но тоа мора да биде обврзувачко за да не се доведеме во состојба во која што ете, како што споменавте вие, има примери, неславни за жал, неколку, како краен понудувач под услов да биде, или да биде на регулиран пазар. Тоа се двете опции. Ако вие облигаторно најдете начин да некого да го условите, да мора тоа да го спроведе, и при тоа истиот знае дека ќе му следи казна доколку истото не го испорача, и дека има одредена одговорност, тогаш веќе станува збор за систем којшто ќе биде целосно функционален.“

    Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.    

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично