Германската економија веројатно ќе порасне за околу шест проценти во третиот квартал, но заздравувањето од кризата со вирусот на есен ќе забави како втор бран на пандемијата КОВИД -19, и тоа секако ќе влијае на најголемата европска економија, соопшти германскиот институт за економски истражувања (DIW).
Институтот укажува на ризик од нови ограничувачки мерки поради пандемијата и наведува дека многу компании сè уште се борат со последиците од ограничувањата воведени во текот на пролетта и тешко е да се имаат финансиски резерви, пренесува Танјуг.
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговара со премиерите на 16 федерални покраини за затворање на ресторани и барови на 4 ноември, со цел да се запре ширењето на вирусот, а би работеле само училиштата и градинките, стои во нацрт предлогот за кој Ројтерс имаше увид.
Федералното биро за статистика се очекува наскоро да објави првични податоци за бруто домашниот производ (БДП).