Сава Осигурување, како компанија која повеќе од 25 години е препознатлива на македонскиот пазар по својата иновативност, исполнување на преземените обврски, професионалниот пристап и посветеноста кон клиентите, повторно нуди иновација во своето продуктно портфолио.
Следејќи ги последните трендови, но особено потребите и ризиците при работењето во бизнис секторот, го дизајнираа продуктот – Осигурување на побарувања. Нивната цел е компаниите се чувствуваат сигурни и успешно да одат кон целта.
За кои компании е неопходно осигурувањето на побарувања?
Осигурувањето на побарувањата е препорачливо за секоја компанија, но ние особено го препорачуваме за компаниите кои им овозможуваат на своите купувачи подолги рокови на плаќање и со тоа им се потребни повеќе обртни средства кои полесно ќе ги добијат од банките. Дополнително, ваквиот продукт е поволен за компаниите кои сакаат да ги подобрат условите за кредитирање, оние кои работат со купувачите со акредитиви и/или банкарски гаранции и сакаат да им понудат работење со одложено плаќање. Секако, компаниите кои работат со мал број поголеми купувачи или ограничени интерни можности за наплата особено ќе го почувствуваат бенефитот од осигурувањето на нивните побарувања. Овој продукт е особено поволен и за компаниите кои работат во сектор со ниска профитна маржа која не дозволува губитоци поради слаба наплата на побарувања, и дава можност за освојување на нови пазари.
Генералниот директор Сашо Дракуловски објаснува: „Воведувањето нов производ или услуга во портфолиото на една компанија е посебен предизвик. Сепак ние, во Сава Осигурување, ги сакаме предизвиците и секогаш со задоволство пристапуваме кон ваквите проекти. Во последниов период посветено баравме квалитетно решение за специфични ризици со кои се соочуваат деловните субјекти во делот на наплатата. Користејќи го искуството на бројни деловни луѓе од реалниот бизнис сектор, внимателно ги анализиравме последиците од ненавремено наплатени побарувања кај бизнисите.“
Дракуловски додава „Во соработка со нашите партнери од Cofface PKZ Ljubljana, креиравме исклучителен осигурителен продукт наменет за заштита на компаниите кои се соочуваат со такви ризици. Сигурни сме дека овој продукт ќе претставува значаен сегмент од тековното работење на компаниите. Ние сме подготвени и им стоиме на располагање со сето знаење и капацитети.“