ФИКС Јуниор Детско штедење на УНИ БАНКА

Време зa читање: 2 минути

Карактеристики на депозитниот продукт:

  • Клиенти: наменет за малолетни лица – деца до 18 годишна возраст А
  • Отварање на депозитот: депозитот може да го отвори еден законски застапник (родител или старател)
  • Валути: денари и евра;
  • Рочности: 24 , 36, 48 и 60 месеци;
  • Тип на каматна стапка: фиксна – непроменлива до истекот на рокот;
  • Начин на исплата на камата: декурзивна – по истекот на рочноста;
  • Дополнителни уплати: мoжност за дополнителни вложувања во секое време. Истите можат да ги вршат и трети лица;
  • Преорочување: при доспевање депозитот автоматски се преорочува под моментално важечките услови; Депозитот не се преорочува по автоматизам на датумот на доспевање, доколку малолетното лице во меѓувреме стане полнолетно лице;
  • Делумно повлекување: не е дозволено;
  • Раскинување на депозитот: Дозволено е од страна на Депонентот (малолетното лице) по наполнување 18 години.
  • Депозитот може да се раскине во целост и од страна на законскиот застапник (пред наполнување 18 години на детето), единствено со документ од Центарот за социјални работи или со правосилна судска пресуда.

Предности на депозитниот продукт:

  • Стабилност на идните приходи – фиксната каматна стапка нуди гарантирани приходи до истекот на рокот;
  • Нема ограничување во износот и бројот на дополнителните вложувања на депозитот;
  • Можност за избор на најсоодветена рочност и валута;
  • Високи приходи – конкурентните каматни стапки нудат атрактивни приходи по камата;
  • Сигурност – депозитите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

Каматни стапки

рок

24 месеци

36 месеци

48 месеци

60 месеци

ДЕНАРИ

2,50%

3,00%

3,20%

4,00%

ЕВРА 1,20% 1,40% 1,60% 1,80%

Потребни документи:

  • Документ за идентификација на законскиот застапник (важечка лична карта или пасош);
  • Извод од Матична книга на родените за малолетното лице (за родител) или решение од надлежен орган (за старател).
14,794Следи нè на facebookЛајк

слично