ПОВЕЌЕ

    Фер корпоративни вредности ги трансформираат вработените во главен столб за здраво и продуктивно општество

    Време зa читање: 3 минути

    Преку цврста посветеност на еднаквоста, банката негува средина, којашто го промовира напредокот на жените професионалци, што резултира со забележителна застапеност на жените на лидерски позиции. Како конфирмација, всушност и Заменик претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје е жена.

    Катерина Јанковиќ – Директор на сектор население во Шпаркасе Банка, е инспирација и одличен рол-модел за идните професионалци, кои сакаат да остават свој кариерен белег. Под нејзино раководство, Секторот за население движи по траекторија на успехот, којашто се темели на исклучителен фокус на потребите на клиентите и вработените и агилно се адаптира кон истите.

    „На глобално ниво целата групација во фокусот го става вработениот и сите корпоративни вредности, како столб за здраво и продуктивно општество. Во групацијата, силно се верува дека секоја колективна промена е резултат на индивидуален подвиг кај секоја единка. Токму затоа, во интерните акти на банката за градење и одржување на здрав и колективен систем, е секој вработен поединечно и целиот семеен систем во којшто делува. Основата на делувањето е поставена со целосен фокус на вработениот, – овозможување на одлични услови за работа, професионален развој, разбирање, како и поддршка преку обезбедено здравствено осигурување. Банката промовира различност, осигурувајќи дека сите вработени се третираат со почит, доверба и имаат еднакви можности за напредување. Генерално, Шпаркасе Банка ја покажува својата посветеност на грижата за вработените и нивните семејства, преку различните иницијативи, коишто вклучуваат конкурентни пакети за компензација, флексибилни работни аранжмани, можности за личен и професионален развој, инклузивна работна средина и услуги за поддршка, со што создава позитивна и поддржувачка работна средина, којашто придонесува за успех и задоволство на своите вработени и сатисфакција на нивните семејства,“ изјавува Јанковиќ

    Јанковиќ е високо остварен професионалец во областа на финансиите, со сеопфатно искуство, позната по нејзината посветеност на развој и поддршка на тимот, обезбедување на исклучителни искуства на клиентите и иновативни решенија токму за нив.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично