ПОВЕЌЕ

    Европските берзански индекси во пораст, нафтата 78 долари, благ пад на цената на златото

    Време зa читање: 2 минути

    Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, нафтата од типот „брент“ се продава за 78 долари за барел, додека на пазарите во исто време е забележан благ пад на цената на златото.

    Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 19.134,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.300,59 поени, францускиот CAC 40 на 7.564,85 поени, а московскиот MOEX на 2.807,85 поени.
    Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.352,75 поени, индексот S&P 500 на 5.751,07 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.137,85 поени.

    Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 74.758 долари, а на нафтата од типот брент на 78.270 долари.

    На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 40.490 евра за мегават-час.

    Цената на златото падна на 2.644,59 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,9146 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

    Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09718, што е приближно исто како и во петокот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично