Европската Унија е на прагот на голема промена – се подготвува да дозволи употреба на нов вид на гориво за возилата, кој претходно не беше дозволен на нејзина територија. Се работи за таканареченото Е20 гориво, со висок процент на етанол, а идејата која стои зад промената е обидот на Унијата да ја намали својата зависност од увоз на фосилни горива во услови на пролонгираната енергетска криза.
Најсилниот притисок доаѓа од европската индустрија за биоетанол, а не првично од автомобилските производители или од самите институции на ЕУ.
На европско ниво главен лобист е ePURE – European Renewable Ethanol Association, која со години бара повисоки мешавини на етанол. Во 2026 нејзината кампања доби многу поширока поддршка.
Отвореното писмо од 9 јуни го потпишаа организации од повеќе сектори, што е значајно бидејќи покажува дека Е20 повеќе не е само барање на производителите на етанол. Меѓу потписниците се: ePURE, ACEA, европското здружение на автомобилски производители, CLEPA, здружението на европските производители на автомобилски компоненти, VDA, германското здружение на автомобилската индустрија, UPEI, европското здружение на независни снабдувачи со енергија и горива, Copa-Cogeca, европските земјоделски и земјоделско-задружни организации, Farm Europe, национални асоцијации за биоетанол од Германија, Франција, Белгија, Полска, Шведска, Унгарија и други.
Тоа е веројатно најважниот развој во 2026: зад Е20 сега стои коалиција од производители на биоетанол, земјоделство и дел од автомобилската индустрија + снабдувачи со гориво.
Во Европскиот парламент најгласни меѓу оние што ја отворија темата се германските европратеници Norbert Lins, Peter Liese и Jens Gieseke, до кои фон дер Лајен го испрати априлското писмо. Во септември 2025 и полскиот европратеник Kosma Złotowski официјално ја праша Комисијата дали размислува за Е20, иако тогаш одговорот на Комисијата беше негативен.
И во септември 2026 се продолжува политичкиот притисок: на настан во Европскиот парламент во Стразбур, организиран околу ePURE и европски пратеници, повторно се бара поголема улога на обновливи горива како етанолот во ревизијата на правилата за CO₂ кај автомобилите.
Е20 има реална климатска и енергетска логика, особено како начин да се намали потрошувачката на фосилен бензин кај милиони автомобили кои уште долго ќе останат на европските патишта.
Носи повисока волуменска потрошувачка, не е компатибилен со секој автомобил, бара приспособување на законите и пазарната инфраструктура, а неговата вистинска еколошка вредност зависи од потеклото на етанолот.
Најважната промена во 2026 година е што Е20 од теоретска опција стана реална европска политика што сериозно се разгледува
Клучниот чекор сè уште не е направен: Fuel Quality Directive 98/70/EC мора да се измени.
Во сегашната форма директивата дозволува максимум 10% етанол во бензинот. Значи, иако CEN веќе има техничка спецификација за Е20, тоа гориво не може нормално да се пушти на единствениот пазар сè додека не се смени законскиот лимит.
Европското тело за стандардизација CEN ја одобри спецификацијата CEN/TS 18227, која ги дефинира барањата за бензин Е20 — до 20% етанол и до 8% кислород. Спецификацијата беше одобрена кон крајот на 2025 година, а во 2026 веќе е објавена како важечки технички документ. Тоа значи дека Европа има техничка основа за такво гориво; пречката сега е главно регулаторна.
Второ, се смени и политичкиот тон во Европската комисија. Во декември 2025 Комисијата официјално велеше дека не планира ревизија на Fuel Quality Directive и дека Е20 не е на нејзината работна агенда. Но на 21 април 2026 година, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмо до германските европратеници Norbert Lins, Peter Liese и Jens Gieseke веќе посочи дека Комисијата ќе го разгледа овозможувањето на повисок удел на етанол, конкретно и Е20, во рамките на идната ревизија на политиката за горива. Тоа е најважниот политички пресврт досега.
Трето, во јуни 2026 беше упатено координирано барање до Европската комисија Fuel Quality Directive веднаш да се измени, така што максималниот удел на етанол да се зголеми од 10% на 20%, а дозволениот удел на кислород од 3,7% на 8%. Потписниците бараат Е20 постепено да стане нова европска бензинска мешавина и измената да се вклучи во ревизијата на пост-2030 рамката за обновлива енергија.
Потоа ќе треба да се решат уште неколку практични прашања: кои модели се компатибилни, како ќе бидат означени пумпите, дали E5 и E10 ќе мора да останат достапни за постарите автомобили и дали државите ќе го воведуваат Е20 доброволно или преку поширока европска рамка.
Ако Е20 стане достапен, ќе мора јасно да се означува на пумпите, а производителите ќе мора да кажат кои модели го поддржуваат. За автомобил кој е сертифициран само за Е5 или Е10, не би било разумно сопственикот сам да претпостави дека Е20 е безбеден.
Аналитика








