ПОВЕЌЕ

    ЕВРА НА БАНКОМАТ – УНИКАТНА УСЛУГА НА ПРОКРЕДИТ БАНКА

    Време зa читање: 2 минути

    Како банка лидер во иновативните, модерни технологии за банкарско работење ПроКредит Банка им нуди уникатна услуга на своите клиенти – да повлекуваат и дополнуваат евра директно на банкомат, се вели во известувањето на ПроКредит банка.

    Со оваа услуга клиентите на банката може со само неколку клика на банкомат да располагаат со евра и тоа без да трчаат до менувачница или да чекаат ред во работното време на експозитурите.

    ПроКредит Банка располага со ЕУР банкомат на сите свои локации со Зони 24/7 и тоа: Скопје (Ново Лисиче и Карпош), Велес, Куманово, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Струга, Гостивар и Тетово. Зона 24/7 се модерни и автоматизирани експозитури кои работат 24 часа и нудат голем број на услуги како: уплата и исплата на денари и евра, сеф за дневен промет за компании, печатење на изводи, процесирање на налози за плаќање, уплата на кованици во денари на следниве локации – Карпош – Скопје, Струмица и Тетово, како и останати автоматизирани услуги.

    Услугата за уплата и исплата евра на банкомат е достапна за сите клиенти на банката кои имаат сметка во евра и Mastercard картичка. Бидејќи Mastercard картичката на ПроКредит Банка е мултивалутна картичка поврзана со трансакциски сметки во денари и евра, истата им овозможува на клиентите пристап до сопствените сметки 24/7 и тоа и за време на празници, неработни денови и викенди.

    Се што Ви е потребно за користење на овие уникатни поволности е да бидете клиент на ПроКредит Банка и да имате сметка во ЕУР! Прочитајте повеќе како да станете клиент на ПроКредит Банка тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично