ПОВЕЌЕ

    ЕСМ и ТЕЦ Неготино со 80 насто зголемено производство на струја

    Време зa читање: 1 минутa

    За 80 насто е зголемено февруарското производство на струја, во однос на истиот месец од минатата година. Податокот го изнесе владиниот соработник за енергетика, Виктор Андонов, презентирајќи ги новостите за енергетската состојба во државата.

    Минатиот месец, како што рече, од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино биле произведени 504.338 MWh електрична енергија, што е за 80 проценти повеќе во споредба со февруари 2022 година, кога производството изнесувало 280.353 MWh.

    „Во првите два месеци од годинава вкупното производство на електрична енергија од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино е 1.065.689 MWh. Споредено со истиот период лани, кога било 714,362 MWh, претставува зголемување за 49 проценти“, нагласи Андонов, додавајќи дека зголеменото домашно производство на струја кое го одржува трендот на пораст, е клучно за ублажување на последиците од енергетската криза, како и за креирање мерки за поддршка на најранливите категории граѓани и на стопанството.

    Во дневниот енергетски биланс, пак, во текот на вчерашниот ден било евидентирано вкупно домашно производство на електрична енергија од 15,111 Mwh, од кои во термоелектраните се произведени 10,297 MWh, а од обновливите извори – 4,814 MWh.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично