ПОВЕЌЕ

    Двојни стандарди на Основниот суд во Битола на штета на најголемиот производител на храна во Македонија ЗК Пелагонија

    Време зa читање: 2 минути

    ЗК Пелагонија трпи штети од двојните стандарди на Основниот суд Битола. Работата на најголемиот производител на пченица што е стратешки производ во Македонија е попречена од одлуката на Основниот суд Битола. Ова е уште еден случај што сведочи за недостаток на правна сигурност што го турка ЗК Пелагонија во загуби, реагираат од компанијата.

    Основниот суд во Битола во 2019 година, кога ЗК Пелагонија беше во есенската сеидба, дозволи извршување на средства од нашата сметка која беше блокирана повеќе од 60 дена. Тогашната одлука на Основниот суд Битола не го прифати нашето барање за одлагање на извршувањето и покрај тоа што бевме во период на сеидба на пченица како стратешки производ на Македонија. Во такви околности постоеше опасност извршувањето да влијае на доцнењето на сеидбата како и набавките за наредната година да влијаат на квалитетот на нашето производство.

    Нејасно е како истиот суд денес во 2023 година постапува сосема обратно од неговата одлука во 2019 година и носи одлука со која го прифаќа барањето за одложување на извршувањето на ЈП Стрежево кон ЗК Пелагонија и тоа во експресен рок од само 30 минути.

    Која е методологијата на проценка на Основниот суд во Битола, кој и покрај правосилните пресуди во корист на ЗК Пелагонија и по вторпат носи одлука со која се нанесува директна штета на најголемиот производител на храна во Македонија.

    Секоја година ЗК Пелагонија се соочува со сериозни проблеми во оперативното работење предизвикани од несовесното функционирање на ЈП Стрежево. Двојните стандарди на Битолскиот суд и непостоењето на правна сигурност се исто така причина за пречките во производството и снабдувањето со основната прехранбена суровина на цела држава, се вели во соопштението до јавноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично