ПОВЕЌЕ

    За половина година државата на домашен терен се задолжила со 175 милиони евра или 70% од предвиденото за цела година

    Време зa читање: 2 минути

    За половина година, државата на домашен терен преку државни хартии за вредност се задолжила во нето износ од 175,2 милиони евра што е нешто повеќе од 70 отсто од предвиденото задолжување за цела година. Но, од министерството за финансии велат дека сепак до крајот на годината предвиденото задолжување кај домашните кредитори нема да го надмине планираниот лимит.

    Односно, според ребалансот на буџетот нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност за годинава е предвидено на 250 милиони евра, односно за 50 милиони евра повисоко во однос на иницијалниот буџет.

    „Оваа сума со ребалансот се прошири поради финансирање на дефицитот согласно ребалансот и обезбедување дополнителен простор зависно развојот на кризата, појаснуваат од финансии.

    Оттука произлегува дека реализацијата досега е околу 70%, но од финансии како причини за тоа ја наведуваат кризата која ја предвизвика пандемијата со коронавирусот.

    „Ова е главно поради поголемите повлекувања во март, април и мај, кога започна КОВИД-19 кризата, со цел да се обезбеди поголема ликвидност пред издавање на еврообврзницата. Заклучно со март нето-повлекувањето по основ на ДХВ изнесуваше 52,03 милиони евра, со април нето-повлекувањето кумулативно изнесуваше 139,39 милиони евра, а со мај 175,24 милиони евра кумулативно, појаснуваат од финансии.

    Сепак дека во министерството за  финансии се убедении дека иако досега е потрошен голем дел од просторот за задолжување на домашен терен до крајот на годината ќе се остане во рамки на планираното, бидејќи некогаш има аукции каде има поголемо досепавње по однос на претходно издадени државни хартии од вредност, отколку повлекување. Како пример ја посочуваат аукцијата од минатата недела која не се одржа бидејќи како што велат постоела тековна ликвидност, иако претходно на 1 јули имаше извршена исплата од 620 милиони денари по основ на претходно досепани државни хартии од вредност.

    Инаку, согласно ребалансот на буџетот, домашното задолжување е предвидено на околу 500 милиони евра, во кои се вклучени задолжување по основ на ДХВ и краткорочен заем. Во рамки на овој износ на почетокот на годината се реализираше краткорочниот заем од комерцијални банки во износ од  130 милиони евра. Годинава се планираат аукции на ДХВ во износ од околу 360 милиони евра, со истовремена отплата на обврзници од околу 105 милиони евра.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично