ПОВЕЌЕ

    ДОМАШНИТЕ БАРААТ ЗАБРАНА, ТРАМП ВЕЛИ: „ПОВЕЛЕТЕ“: Ќе отвора ли Кина фабрики за автомобили во САД?

    Време зa читање: 2 минути

    „Ако Кина сака да дојде и да отвори фабрика за производство на свои автомобили овде, тоа за мене би било во ред“, изјави Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ во петокот.

    Трамп изјави дека не сака кинеските производители на автомобили да градат возила во Мексико и да ги извезуваат во САД. „Не ги критикувам кинеските автомобили“, рече Трамп.

    Американските производители на автомобили упатија апел до Трамп – кој треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг во Вашингтон за две недели – да не им дозволува на кинеските производители пристап до американскиот пазар.

    Американската претставничка од Мичиген, демократката Елиса Слоткин, во средата изјави дека постојат „гласини оти Трамп планира да дозволи продажба на кинески автомобили во САД како дел од поширок договор што го подготвува“. Слоткин оцени дека тоа би било стратешка грешка.

    Трамп ја нарече изјавата на Слоткин „целосно лажна гласина“ и рече дека го блокирал влезот на кинески возила во САД.

    Прописот воведен од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден на почетокот на 2025 година ефективно им забранува на сите кинески производители на автомобили да продаваат или произведуваат патнички возила во САД.

    Вашингтон, исто така, одржува царини повисоки од 100 проценти за кинеските електрични возила.

    Група што ги претставува речиси сите големи американски производители на автомобили минатата недела го повика Конгресот итно да донесе закон со кој трајно ќе се забранат кинеските возила на американскиот пазар. Алијансата за автомобилски иновации, која ги претставува компаниите како „Џенерал моторс“, „Форд“, „Тојота“, „Фолксваген“, „Хјундаи“, „Хонда“, „Стелантис“ и други, побара тој закон да биде усвоен до крајот на декември.

    (Фото: The White House)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично