Извршена е докапитализација на основната главнина на „НЛБ леасе&Го Скопје“. Тоа е направено во содејство на НЛБ банка, која е сопственик на 49 отсто од основачки капитал на друштвото, и на НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана.
Понудата на „НЛБ Леасе&Го“ ДОО Скопје е наменета за физички и правни лица. Конкретно, опфаќа финансиски лизинг и закуп на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, земјоделска и градежна механизација, како и друг вид опрема и машини.
Оперативниот модел на друштвото е фокусиран на креирање иновативни и едноставни решенија за врвно корисничко искуство и целосна дигитализација на процесите, со максимална заштита на клиентите. Деловната активност опфаќа широк спектар на решенија за лизинг, вклучувајќи и други придружни услуги за користење на возилата и опремата кои ќе бидат дадени на финансиски лизинг или под закуп, се наведува во онјавата на НЛБ банка.