САД го добија својот 47-ми претседател.Доналд Трамп по четиригодишна пауза повторно на најмоќната позиција во светот. Најави златно доба за Америка и потпиша дузина извршни наредби од кои некои се однесуваат на економијата. Дали ќе бидеме сведоци на таканаречено владеење на технолошката олигархија како што најави Бајден? Дали, сепак, ова е мало претерување за да се оцрни дополнително Трамп? Каков економски свет најави Трамп во неколкуте денови од новото владеење? На овие теми ќе разговараме со економскиот експерт Абил Бауш.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, задолжително притиснете „Subscribe“, бидејќи тоа многу ни значи. Гледајте нѐ!