ПОВЕЌЕ

    Даниела Ѓоршевска именувана за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

    Време зa читање: < 1 минутa

    Директорката на Секторот за финансии на Стопанска банка Битола е именувана за член на Управниот одбор. Претходна согласност е добиена од Народната банка, а информацијата за изменa во органите на управување Банката ја сподели преку Македонска берза.

    „Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-14266/1/II-3 од 22 ноември 2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-758/1 од 10 јануари 2025 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е именувана м-р Даниела Ѓоршевска“, наведено е во објавата.

    Во Управниот одбор на битолската Стопанска банка доминираат жени: претседателкaта м-р Александра Радевска, д-р Гордана Балтовска и м-р Даниела Ѓоршевска. Борислав Атанасовски е в.д. член.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично