„Триесет години глобализација ни носеше економска интеграција, но дали сега доаѓа крајот? Професор Синиша Наумоски објаснува како САД и ЕУ ја напуштаат глобалната политика и се враќаат кон националните интереси. Македонија мора да најде нов начин да преживее во свет каде што секој гледа само за себе. Дали да се насочиме кон сосема нови пазари? Дали може да останеме „заглавени“ во битката меѓу ЕУ и Америка или тоа е наша шанса?“
Одговорите во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кој се емитува премиерно секој четврток, а се гледа секогаш кога ќе се посака.
Дали е крај на глобализацијата?
Јас мислам дека ДА и целиот концепт на реганизм кој го употребува Трамп е како да ја врати Америка на Американците. Па и така му е паролата, така. Зошто да даваме пари во некои источни светови или некаде да оправаме судски системи и да течат вентили по некакви фондацији?
Дај да видиме во Џерси улиците да ги средиме. Еве три пати, само што се враќаме од Америка, пред некој месец дена пристигнав, а бев цел еден месец, Америка е небезбедна земја. Вие имате градови кои не се безбедни. Тоа му беше и поентата за да ги добија изборите. Дај да ги направиме градови безбедни. „Safe city“. Мислам дека Америка ќе се конзервира за да акумулира и натрупа едно огромно богатство во овој период, додека ако добро успеа да се оствари оваа стратегијата, и после ќе ги пласира надвор во светот.
Тоа е играта на Трамп“.
Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.